Проектите на Brainster Next College започнуваат со реален проблем кој треба да се реши. Нашите студенти излегоа од училниците на факултетот и влегоа во еден поинаков контекст — Основниот кривичен суд, каде што работат на развој на алатка за автоматизирана анонимизација на судските пресуди.
Нена Стоименова, Сара Петковска, Сергеј Крстевски и Марио Лука Нановски развиваат дигитално решение кое треба да автоматизира процес што денес во голема мера се извршува рачно.
Целта е едноставна: помалку повторлива работа, помалку време поминато во обработка на документи и поефикасен начин на подготовка на судските пресуди.
Но, проектот не завршува со решавање на еден проблем. По финалното тестирање, алатката е дизајнирана така што ќе може да се имплементира и во други судови ширум земјата.
Токму тука практичното образование добива поинакво значење. Преку нивната работа создадоа технологија развиена околу реална потреба, за професионалци кои ќе ја користат.
За нашите студенти, ова е можност знаењето што го стекнуваат да го применат во реален контекст и да создадат нешто што има пошироко општествено влијание.
И можеби токму тоа е една од најважните работи што можеме да ги научиме преку технологијата:
најдобрите решенија не мора секогаш да бидат најкомплицираните. Понекогаш, најзначајни се оние кои прават нешто важно да функционира подобро.
На Brainster Next факултетот веруваме дека студентите не треба да чекаат до дипломирањето за да започнат да создаваат работи што имаат значење. Понекогаш, се започнува уште додека си студент.