Партнери

Brainster Next признаени од EURASHE

Европски чекор за македонското високо образование

Kire Jordanov 2 Min Read

Brainster Next стана првата и единствена високообразовна институција од Македонија што е примена како полноправна членка на EURASHE – European Association of Institutions in Higher Education, најголемата европска мрежа на применети универзитети. Во моментов, Brainster Next е единствената полноправна членка од Македонија во оваа мрежа.

Со ова членство, Brainster Next се позиционира во европската заедница што го поставува темпото за практично ориентирано високо образование – образование што е директно поврзано со индустријата и реалните потреби на пазарот на труд.

EURASHE е основана во 1990 година, со седиште во Брисел, и обединува 600+ институции од 30+ европски земји. Организацијата претставува клучна платформа за развој на применето високо образование, со силен фокус на поврзаноста меѓу академијата, индустријата и вработливоста на студентите.

Што овозможува полноправното членство на Brainster Next?

Членството во EURASHE отвора конкретни можности за системско унапредување на квалитетот и релевантноста на образованието, преку: директен пристап до европски добри практики и модели на применето образование, активна вклученост во меѓународни академски и истражувачки заедници, учество во европски проекти и иницијативи, усогласување со најновите политики и стандарди за квалитет на ЕУ ниво, континуирано унапредување на наставните програми и студентското искуство.

Што е следно: EURASHE Annual Conference 2026 во Амстердам

Во јуни 2026 година, Brainster Next ќе учествува на 35-тата годишна EURASHE конференција што ќе се одржи на Amsterdam University of Applied Sciences, каде што ќе ги претстави нашата високообразовна институција Brainster Next како пример за современ образовен модел што интегрира практична настава, реални индустриски проекти и развој на вештини релевантни за идните професии.

Ова членство не е само формално признание. Тоа е долгорочна стратешка определба Brainster Next да биде дел од европскиот образовен простор – не декларативно, туку суштински, преку квалитет, иновации и реална вредност за студентите.

Знаењето, искуствата и соработките стекнати преку EURASHE ќе бидат директно имплементирани во програмите на Brainster Next и ќе придонесат за поширок развој на применетото високо образование во Македонија.

Популарни објави