Дизајн

Студентите од Brainster Next развија веб-платформа за Хелсиншкиот комитет

Студентски код против говор на омраза

Kire Jordanov 2 Min Read

Во рамки на практичен проект, студентите се истакнаа и на полето на технологија со општествено влијание, развивајќи дигитално решение за Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р.С. Македонија – едно од најпознатите здруженија за заштита на човекови права.

Целта на проектот беше развој на целосно функционална веб-платформа која ќе го олесни процесот на пријавување и следење на случаи на говор на омраза.

UX/UI дизајн

Студентите по Графички дизајн со UX/UI се фокусираа на креирање на корисничкото искуство и интерфејсот, обезбедувајќи платформата да биде интуитивна и лесна за користење. Дизајнот е структуриран така што корисниците можат брзо и јасно да го поминат процесот на пријавување на случај, со посебно внимание на визуелната јасност и достапноста на информациите.

Фронт-енд и бект-енд развој

Додека пак, студентите по Софтверско инженерство и иновации ја реализираа техничката имплементација на платформата, кодирајќи ги фронт-енд компонентите за интеракција со корисниците, и бект-енд логиката за обработка, складирање и систематизирање на податоците, овозможувајќи целосно функционално решение.

Клучни функционалности на веб-страницата

Платформа овозможува едноставно пријавување на случаи на говор на омраза преку формулар во кој корисниците можат да внесат релевантни информации, како што се:

  • градот или локацијата каде што се случил настанот
  • лице или организација поврзана со говорот на омраза
  • причина или контекст во кој се случил случајот

Дополнително, системот овозможува следење на пријавите и нивно систематско организирање, што може да помогне во анализа на податоците и креирање извештаи.

Практично искуство со вистинско општествено влијание

Преку овој проект, студентите стекнаа практично искуство во развој на дигитални производи, применувајќи технички и креативни вештини за решение со реална општествена вредност, кое придонесува кон подобра евиденција и справување со говорот на омраза.

Популарни објави