nu-recommends

Кога средношколците стануваат креатори на културната сцена

На пракса за фестивалот „Еволуција на сонот“

Kire Jordanov 3 Min Read

Што значи да создаваш и креираш за индустријата уште пред започнеш факултет? За двајца средношколци од NU High School Academy, ова прашање повеќе не е хипотетичко.

Ова лето, Горјан Поповски (NU Академија за дигитален маркетинг x AI) и Јоана Станоевска (NU Академија за графички дизајн x AI) го поминаа применувајќи го наученото во пракса, во вистинска продукциска реалност, работејќи на фестивалот „Еволуција на сонот“.

Наместо теоретски вежби, Горјан и Јоана добија можност што за многумина доаѓа дури по факултет. Работеа на маркетинг стратегија и визуелен идентитет за фестивал со вистински клиент, рокови и тим.

 Креираа постери, банери и визуелен јазик на настанот.

 Развиваа маркетинг идеи што ја пренесуваат суштината на фестивалот.

 И најважно — научија дека секоја боја, форма и реченица носат одговорност.

  „Најважното што го научив е силата на визуелната комуникација – како добар дизајн може да пренесе комплексни идеи и вредности,“ вели Горјан Поповски.„Но сето тоа функционира само кога ти даваат слобода да создаваш.

Јоана Станоевска
Јоана Станоевска

Јоана Станоевска додава„ова искуство беше можност за креативен раст и примена на знаењето во вистински услови. Првпат почуствував што значи да се работи на визуелен идентитет што љуѓето навистина го доживуваат.“

„Младите не добиваат шанса – тие ни даваат перспектива“

Организаторката на фестивалот, Весела Моловска, го гледа учеството на младите не како гест на поддршка, туку како неопходност:

„Младиве се родени во технологијата, со сосема поинаков поглед на светот.Ние не им даваме шанса, тие нам ни ја даваат — да го видиме светот поинаку.“

Нејзините зборови го носат духот на самиот фестивал – судирот меѓу генерации, идеи и уметнички визии, каде младоста не е само енергија, туку и филозофија на создавање.

Фестивал што расте, исто како и оние што го создаваат

Фестивалот „Еволуција на сонот“, чие прво урбано издание се одржа во општинскиот парк на Ѓорче Петров, претставува современ културен експеримент:место каде музиката, визуелната уметност и јавниот простор се преплетуваат во едно искуство.

Неговите корени датираат од 2016 година, кога на Рузвелтова 44а една стара куќа беше претворена во жив уметнички простор, насликана од локални и меѓународни уметници.Оттогаш, проектот еволуира во серија настани – од Кинотеката на Македонија до ова ново, урбано поглавје што расте заедно со своите учесници.

NU Академиите – местото каде што младите ја тестираат иднината

За NU Академиите, оваа пракса е доказ дека практичното образование и реалните искуства создаваат нова генерација на млади што не чекаат „еден ден“ да станат професионалци – тие тоа го прават денес.

Во време кога образованието е теоретско, NU Академиите го враќаат неговото највистинско значење: учење преку создавање.

Приказната на Горјан и Јоана не е знак на промена.Младите веќе не чекаат одобрување; тие ја обликуваат културната сцена, брендовите и наративите што ќе ја дефинираат нивната генерација.

Погледнете дел од визуелните решенија и атмосферата од фестивалот во галеријата подолу.

Популарни објави