Партнери

NU Академиите за средношколци ја освојуваат Европа

NU Академиите стануваат членка на All Digital

Kire Jordanov 2 Min Read

NU Академиите за амбициозни средношколци, како дел од Brainster Group, заедно со целата Групација стануваат членка на All Digital — водечка пан-европска мрежа со седиште во Брисел, која ја движи агендата за дигитални вештини, дигитална писменост и инклузија низ Европа.

All Digital е една од најголемите европски мрежи за дигитални вештини и опфаќа заедница што работи преку 25.000 дигитални компетентностни центри низ Европа. Организацијата е лидер во дигиталната инклузија, со фокус на 21-вековни вештини и дигитална трансформација, усогласена со DigComp и други европски стандарди.

Што значи ова членство за Brainster Group и NU Академиите?

Ова членство е значаен чекор затоа што ни овозможува:

  • директен пристап до европски добри практики и модели за практично и неформално учење на дигитални вештини
  • вмрежување и партнерства со организации низ Европа (образование, иновации, дигитална инклузија)
  • можности за меѓународни проекти и истражувачки заедници, како и следење на најновите политики на ЕУ ниво
  • дополнителна насока за усогласување со стандарди за квалитет и рамки за дигитални компетенции (DigComp)

Во 2026 година, Brainster Group го претставува својот современ модел на практично образование пред европската дигитална заедница, со цел да донесе повеќе знаење, искуства и партнерства назад — во програмите, во наставата и во развојот на младите.

Ова членство е дел од нашата долгорочна стратегија: да носиме европски стандарди, практики и партнерства во регионот — и да создадеме повеќе можности за младите преку вештини што се применливи, мерливи и барани на пазарот на труд.

Наша визија е јасна: да ја направиме Македонија позната по квалитетно образование.

Популарни објави