Програмирање

Од обичен код, до реална платформа за средношколци

Reddit за средношколците во Македонија?

Iva Trpeski 4 Min Read

Ние, средношколците, секојдневно поминуваме часови на социјалните мрежи и онлајн платформите. Гледаме содржини, комуницираме, креираме. Меѓутоа, дали некогаш си се запрашал – дали можам јас, како тинејџер, да направам една ваква платформа?

Доколку ова прашање е насочено кон младите и амбициозни студенти на НУ Академиите, одговорот е позитивен! Добредојде на местото каде сите замисли на средношколците се претвораат во реални проекти. 

Изминатиов период, додека повеќето од нас одмаравме на плажа, но Ивана, Хира, Јована, Никола и Стефан, од академиите за Графички Дизајн и Веб Девелопмент, неуморно работеа на форум платформа - „Средношколски Глас“ -  која ќе служи на средношколците за совети, насоки или воопшто социјализирање.

Еве што се ни споделија тие: 

Како би го објасниле „Средношколски глас“ на некој што првпат слуша за проектот?

Ивана ни објаснува дека „Средношколски глас“ е платформа создадена за средношколците во Македонија. Најкратко кажано – Reddit за средношколци, но приспособен на темите и проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Учениците би можеле да поставуваат прашања, да разменуваат искуства и да разговараат за учење, државна матура, избор на факултет, ментално здравје, технологија и многу други теми. Исто така, идејата е да се создаде безбеден простор во кој средношколците нема само да зборуваат, туку навистина ќе бидат слушнати и ќе можат да си помагаат едни на други.

Кои вештини ви се најважни за да можете успешно да ја работите оваа улога?

„Освен, секако, програмирањето, најважни се јасната комуникација и добрата соработка со тимот. Исто така, потребни се трпеливост и внимание на деталите, бидејќи токму малите нешта често го прават крајниот резултат подобар…“ - вели Стефан.

Што научивте на НУ што мислите дека не би можеле да го научите само во средно училиште?

Сѐ уште под импресии од целокупната динамика на работата, Хира споделува дека на НУ научила како функционира работата на реален проект, како да работи во тим и како да ги применува своите знаења во пракса. Исто така, стекнала навика и чувство за преземање одговорност за индивидуалниот дел од задачите во тимот, како и комуницирање со други луѓе за заедно да создадат нешто конкретно, креативно и со практична имплементација.

Разбравме дека работата на проект како „Средношколски Глас“ си носи своја динамика. Тоа значи дека можеби треба мала адаптација на секојдневието кон изработката на проект како таков. За да добиеме подобра претстава за тоа, ги прашавме членовите на тимот: „Како изгледа еден типичен ден кога работите на „Средношколски глас“ и која е вашата улога?“

„Денот ми почнува со станување во 10 часот и пиење на утринско кафе на тераса, потоа во 11 часот се приклучувам на дневен состанок со целиот тим од „Средношколски глас“, каде кажуваме што сме работеле и дискутираме за тоа како можеме да ја подобриме веб-страницата. Се договараме со колегите како ќе оди работата и потоа следува работа од 4-5 часа,“ ни доловува програмерот Никола.

„Доаѓам во канцеларија, правам муабет со моите колеги, се одржува Daily brief каде се договарам со другата графичка дизајнерка што треба да се заврши тој ден. Мојата улога е да дизајнирам различни аспекти од проектот, како на пример лого, икони и слично,“ споделува дизајнерката Јована.

Сепак, сето ова не би било возможно без поддршката и довербата што ја добија средношколците од страна на НУ. Тимот ментори беше убеден дека проблемот можат да го решат токму оние кои најмногу го чувствуваат и живеат. Ивана, Стефан, Јована, Хира и Никола ги оправдаа очекувањата. Нивната работа ги таргетира нивните врсници директно.

„Ако сакаш уште во средно да бидеш во тек со новото време, да почнеш да создаваш нешто што навистина функционира и има вредност, тогаш НУ е вистинското место за тебе.“ - објаснува Ивана.

Ако треба со една реченица да му објасните на ваш пријател зошто да се приклучи на НУ, што би му кажале?

„Зошто да бидеш дел од НУ?  Затоа што НУ не е само место каде што се изучуваат најпотребните вештини во 21 век, туку место кое те подготвува за она што навистина те очекува понатаму.“ - вели Стефан. 

„Приклучи се на НУ затоа што таму можеш да ги претвориш твоите идеи во реални проекти, да стекнеш искуство и нови пријателства и да ја градиш твојата професионална иднина.“ - вели Хира. 

А доколку и ти сакаш да чекориш по пат сличен на овој што ни беше доловен од страна на овие мотивирани средношколци – побрзај! НУ нуди 100 стипендии за 100 амбициозни средношколци.

Популарни објави