nu-recommends

Средношколците на NU дизајнираа постер за меѓународниот фестивал Skopje Cinema City

Средношколците на NU академиите се подготвуваат за високоплатени професии преку работа во реална работна средина

David Petkovski 3 Min Read

Замисли си, уште во средно да работиш на меѓународен фестивал за документарни филмови и музика.

Звучи возбудливо, нели?

Средношколците на NU академијата за графички дизајн, не само што го замислија туку и работеа на дизајнот на постерот за Skopje Cinema City – International Music and Documentary Festival.

Јана Андрееска, Ања Јовановска, Јована Враготерова и Ања Костадиновска од NU академијата за графички дизајн со својата креативност + стекнато знаење и вештини на академијата успеаја да остават одличен впечаток кај клиентот, подеднакво со својата професионалност и визија.

Дизајните се развиени како дел од креативен и едукативен процес. Предвидено е нивно понатамошно доработување и претставување преку изложба во рамки на фестивалот.

Георгиевски го опишува нивниот пристап кон проектот како одговорен, посветен и сериозен.

Во текот на процесот на работа и самите презентации покажаа иницијатива, креативност и иновативност, како и отвореност за идеи и различни пристапи. Се забележуваше ширина во размислувањето и искрена заинтересираност за проектот, објаснува Ненад Георгиевски

Јасно се гледаше дека го разбрале концептот и духот на Skopje Cinema City и се обиделе да го интерпретираат на сопствен, автентичен начин, прилагоден на нивната генерација. Најсилен впечаток остави иновативноста на нивните решенија, особено ако се земе предвид краткиот рок за работа. Дополнително, пријатно изненадија истражувањата што стоеја зад нивните идеи, како и јасно изразената желба за успех и вложениот труд,

Средношколците на NU академиите се подготвуваат за високоплатени професии преку работа во реална работна средина, каде треба да се најде мост помеѓу визијата на дизајнерот, барањата на клиентот и многу често, кратките временски рамки.

Токму краткиот период за изработка на решението им бил најголемиот предизвик, ни потврдија Ања Јовановска и Јана Андреевска. Но и покрај тоа, сите имаа одлични дизајни и покажаа високо ниво на професионалност во текот на целиот процес. 

А вештините кои ги стекнаа, според нив, се највредното нешто.

''Вежбав организација на времето и како правилно да го распоредам за максимално да го искористам денот, како најдобро да ги организирам моите идеи и научив некои нови алатки во Photoshop

Научив да не се откажувам кога креативниот flow или идеја нема одма да ми дојде. Лично, јас сум навикната се што е поврзано со креативност да ми оди лесно и едноставно, но кога е даден одреден рок и кога се работи под некаков притисок од deadline, нормално е да не ми дојде креативна мисла веднаш, но важно е да не се откажувам''

Ги прашавме и како би сакале публиката да се чувствува кога ќе го види нивниот постер?

Би сакала публиката да се чувствува заинтересирано и љубопитно, и да добие желба да дојде на настанот. Кога ќе го видат мојот постер, сакам луѓето да почувствуваат задоволство, да почувствуваат привлечност кон мојот постер, да почувствуваат некоја искра и да си кажат во себе: „Еј, па ова е ептен добро

За крај, ги запрашавме и доколку би можеле да му дадат совет на друг средношколец кој сака да се занимава со дизајн или да се запише на NU, кој би бил?

Да не се откажува ако нешто не му оди од прва, да пробува различни идеи и да верува во себе и во својата креативност

Ако те интересира одредена област и сакаш што повеќе врати да си отвориш за себеси, направи го тоа - пробувај различни идеи и верувај во себе. Секогаш е добро кога имаме опции, а уште е подобро кога една од нив е технологија која е особено во подем денес.

Доколку ова е патот што го чувствуваш како свој, приклучи се на новата група на NU. Затоа што вештините за високоплатени професии се градат на 14, а не на 24 години.

Популарни објави