Средношколските денови се интересни. Тие ти даваат можност за еден перфектен баланс помеѓу формалното и неформалното образование. Имаш шанса да учествуваш во многу збогатувачки активности надвор од училиште што можат да ти донесат доста придобивки во однос на стекнување знаење и развивање на вештини. НУ Академијата е една од тие.
Со цел да добиеш подобра слика за тоа, кој е подобар начин освен да прашаш врсник. Ние го направивме тоа за тебе :)
Група на студенти од НУ Академиите за Веб Девелопмент и Графички Дизајн работеа на реален проект именуван „Средношколски Глас“, па им поставивме неколку прашања.
Што е НУ за вас – училиште, заедница, место каде ги развивате идеите или нешто друго?
„НУ за мене е заедница на мотивирани и амбициозни средношколци.“ - вели една од средношколките.
![]()
“НУ за мене е место изградено од амбициозни средношколци од цела Македонија, кои имаат неверојатни идеи и желба да ги реализираат истите.“
Што научивте на НУ што мислите дека не би можеле да го научите само во средно училиште?
„Практична работа, соработка во тим и креативно размислување.“ - вели графичка дизајнерка.
Додека програмерите имаат и други работи на листата за одговор на ова прашање:„На НУ научив како функционира работата на реален проект, како да работам во тим и како да ги применувам своите знаења во пракса. Исто така, научив како да преземам одговорност за својот дел од работата и да комуницирам со други луѓе за заедно да создадеме нешто конкретно.“.
За кого мислите дека е НУ и каков средношколец би се пронашол таму?
Според нив, НУ е за сите средношколци кои се интересираат за AI, програмирање, маркетинг, дизајн и развој на игри, но и за оние кои имаат големи идеи и сакаат да создадат портфолио уште пред да започнат на факултет. Исто така, сметаат дека НУ е за љубопитни, посветени и амбициозни средношколци кои сакаат практично да учат и да создаваат. Заклучија дека најважно е да имаат желба за работа и напредок :)
Групата на средношколци кои беа дел од интервјуто имаа и можност да работат на гореспоменатиот реален проект кој за брзо ќе биде во етер за средношколците ширум државата. Затоа ги прашавме: Што за вас значи да работите на реален проект и да одите на пракса уште додека сте средношколец?
„Тоа е можност уште сега да почувствувам како изгледа мојата идна професија. Посебно ме мотивира што сум дел од целиот процес - од само почетна идеја на хартија до платформа што ќе ја користат сите средношколци во Македонија.“
„За мене, работата на реален проект и одењето на пракса уште во средно значи да стекнам вистинско искуство и како да ги применам моите знаењата на вистински проект. Тоа ми овозможува да учам од реални предизвици, да преземам одговорност и да се подготвам за мојата професионална иднина.“
За крај: Ако треба со една реченица да му објасните на ваш пријател зошто да се приклучи на НУ, што би му кажале?
„Приклучи се на НУ ако сакаш да учиш преку искуство, да работиш на реални проекти и да ги претвориш твоите идеи во нешто вистинско.“ - вели средношколка од академијата за графички дизајн.
„Приклучи се на НУ затоа што таму можеш да ги претвориш твоите идеи во реални проекти, да стекнеш искуство и нови пријателства и да ја градиш твојата професионална иднина.“ - рече студент на академијата за веб програмирање.
А доколку и ти сакаш да чекориш по пат сличен на овој што ни беше доловен од страна на овие мотивирани средношколци – побрзај!
НУ заедно со Халкбанк, нуди 100 стипендии за 100 амбициозни средношколци за Дигитален маркетинг, Графички дизај, Веб програмирање и Развој на игри!