nu-recommends

Таму каде што идејата станува производ

Kire Jordanov 2 Min Read

Што се случува кога за дизајнот и маркетингот не учиш само во училница, туку гледаш каде и како тие стануваат реален производ?

Овој викенд, средношколците од NU Академијата за Графички Дизајн и Дигитален Маркетинг беа во Штип, каде имаа можност одблиску да го запознаат светот на текстилот, модата и брендовите.

Во посета на EAM, една од најголемите текстилни фабрики во Македонија, ги следеа чекорите зад еден моден производ — од материјалот и производството, преку доработката, па сè до финалниот производ.

За средношколците од Академијата за Графички Дизајн, ова беше можност да видат што се случува со една идеја откако ќе го напушти екранот. Како дизајнот се прилагодува на материјал, производ и реален процес на производство.

За оние од Академијата за Дигитален Маркетинг, пак, искуството отвори поинаква перспектива — како производот станува бренд, како се гради приказна околу него и како еден производ стигнува до својата публика.

А потоа, сите заедно беа дел од Fashion Days во Штип — место каде што имаа можност да го видат финалниот резултат од целата приказна: модата како производ, дизајн, бренд и искуство.

Токму ваквите искуства се дел од начинот на кој учиме во NU.

Не само како се прави дизајн, туку каде тој се користи.Не само како се осмислува маркетинг стратегија, туку за кого се создава.Не само како изгледа еден производ, туку што е потребно за тој производ да стигне до публиката.

Од материјал до производ. Од дизајн до бренд. Од идеја до публика.

Уште во средно, средношколците добиваат можност да ја запознаат индустријата одблиску и да учат таму каде што знаењето станува реално искуство.

Популарни објави