nu-recommends

Хакатон со Александар Динев

48 часа, реален клиент и идеја од нула до презентација

Kire Jordanov 2 Min Read

Што може да направи еден средношколец за само 48 часа?

На NU Академијата за Графички Дизајн и Дигитален Маркетинг, средношколците добија предизвик од Жито Пром: за само 48 часа да осмислат дизајн на пакување и маркетинг стратегија за нивните најнови протеински колачиња.

Наместо задача од учебник, овојпат имаа реален клиент, реален бриф и реален рок.

Дизајнерите и маркетерите работеа во тимови, ги развиваа идеите, ги тестираа решенијата и ги подготвуваа своите презентации — сè со поддршка од ментори кои им помагаа идејата да ја претворат во решение што има смисла и за брендот.

А потоа следуваше моментот кога идеите требаше да се презентираат.

Предизвикот доби и специјално изненадување со посетата на Александар Динев, кој им се приклучи на средношколците и внесе уште една перспектива во целото искуство.

Но, можеби најважното што го носи еден ваков хакатон не е само финалниот дизајн.

Тоа е искуството да работиш со 48-часовен deadline, да научиш да го браниш својотa идеја, да слушнеш туѓо мислење, да направиш компромис со тимот и да сфатиш дека добрата идеја станува уште подобра кога ќе ја ставиш во реален контекст.

И, секако, да се дружиш со луѓе кои имаат слични интереси како тебе.

Уште во средно, од бриф до финална презентација. Од идеја до нешто што може да излезе пред реален клиент.

Тоа е NU искуството.

Популарни објави